Новости

Македонија

ЦУК: Состојба со пожарите на отворен простор до 08 часот

Струмички регион
Пожарот кој започна на ден 18.08.2019 година помеѓу селата Покрајчево и Злеово на м.в. Готен, општина Радовиш е сеуште активен. Во гаснењето на пожарот на ден 21.08.2019 година интервенирале 9 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Радовиш и 40 вработени со 5 возила од ШС Плачковица од Радовиш. Во гаснењето на пожарот во текот на денот интервенирале и 2 авиони на ДЗС. Денес планирано е да се продолжи со гаснењето на пожарот. На терен ќе излезе екипа од 40 вработени со 5 возила од ШС Плачковица од Радовиш.

Прилепски регион
На ден 21.08.2019 година, започнат е пожар над с.Плетвар, општина Прилеп. Гори сува трева при што е зафатена и 1 викенд куќа и плевна во која се наоѓале бали со сено. Во гаснењето на пожарот интервенираат од ТППЕ Прилеп.
Исто така во текот на вчерашниот ден започнат е пожар на сува трева и шума во атар на с.Кокре, општина Прилеп. Во гаснењето на пожарот интервенираат од ТППЕ Прилеп.

Скопски регион
пожарот која започна на ден 20.08.2019 година над с.Кондово утрово е ставен под контрола. Гори сува трева и мешана шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале неколку возила и повеќе пожарникари. Во текот на ноќта е контролиран од екипа на БППЗ на Град Скопје. Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

GOLD
To Top