Новости

Македонија

Царовска: Работењето за државен празник треба да се пријави и да се исплати

Секоја фирма има право да работи за државен празник, но треба да најави во Државниот инспекторат за труд и платата на работниците треба да се зголеми за тој процент за работа на празник.

Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска по редовната седница на Економско – социјалниот совет на кој присуствуваа премиерот Зоран Заев и претставници на синдикатите и работодавачи.

– Секоја фирма може да најави дека за одреден државен празник ќе работи. Ако тоа е регуларно најавено во Државниот инспекторат за труд, после тоа се следи дали ќе се исплати платата која е утврдена како таква, а се додава додаток за работа на празник. Ако се исплати тој додаток за работа на празник, законот е целосно испочитуван, потенцира Царовска, одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со тоа каде можат граѓаните да пријават некаква регуларност околу работењето, рече дека има телефонски број објавен на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика, а можат и преку меил да информираат.

– Важно е дека Инспекторатот за труд се уште работи на постигнување на капацитетот кој му е потребен. Наследивме Инспекторат кој воопшто не беше транспарентен, не постоеше телефонски број каде може да се јавите, немавме пристап до нивните мејлови. Значи дека сето тоа е унапредено. Одиме чекор по чекор затоа што ни се потребни повеќе инспектори кои ќе бидат кредибилни и ќе се грижат да ги остварат правата на работниците. Дополнително ги поттикнувам синдикатите кои се веќе организирани во компаниите и тие во соработка со нас и со Инспекторатот за труд да ги пријавуваат прекршувањата, додаде Царовска.

Премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на ЛДП неделите и празниците да бидат со закон неработни за трговскиот сектор, рече дека треба секое барање да биде внимателно разгледано, но треба да се земат предвид и аргументите и на другите страни кои би биле загрозени со таквите барања.

– Јас сум левичар и сум на страната на работниците, но тие немаат иднина без фирмите. Мораме да ја зголемиме продуктвноста. Има 18 неработни празници, сите права што ги имаме мора да ги оправдаме, само така ќе се зголемуваат како нови права, сите мора да ги засукаме ракавите и да срабортиме. Веќе нема кочница од надвор, пријатели имаме насекаде, голем дел од работите зависат од нас, само низ транспарентни постапки, отворени дијалози, партнерства како Социјално економски совет ќе помогнат. Ресурси земјава има, има потенцијал, работлив народ, предности, само треба секој од нас да си ја заврши одговорно својот дел од работата, додаде Заев.

GOLD
To Top