Новости

Македонија

Царовска во Брисел: „Го подобруваме статусот на Ромите преку координирана работа на локалната и централната власт“

На покана на Директоратот за проширување на Европската Унија, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска присуствува на „Недела на Ромите“, настан кој се одржува од 8 до 11 април во Брисел по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Царовска имаше свое обраќање на доделувањето на наградите за најуспешни локални самоуправи од западноевропските земји. „Потребно е координирано делување на единиците на локалната самоуправа и централната власт, но и поддршка од меѓународната заедница за решавање на горливите проблеми на Ромите во општеството. Само вака може да го подобриме економскиот и социјалниот статус на Ромите. Владата на Република Македонија има соодветни политики кои треба трајно да ги решат наталожените проблеми со кои се соочуваат овие наши граѓани“ – истакна Царовска во своето обраќање.

Таа исто така беше панелист на сесијата посветена на повратниците во западноевропските земји и на презентацијата на резултатите од студијата и истражувањето за Ромите од Западен Балкан. Во рамки на својата посета, министерката Царовска оствари средби со директорот на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон, со заменик директорот на Директоратот, Катерина Матернова и со пратеничката во Европскиот Парламент, Сораја Пост.

Евротип
Евротип
To Top