Новости

Македонија

Четири смртни случаи од грип во Македонија изминатата недела

Во текот на изминатата недела, регистрирани се 4 смртни случаи асоцирани со грип, од кои двајца од Скопје, и по еден од Охрид и Тетово.

Возраста на починатите се движи од 50-73 години. Кај 2 лица е утврдена претходна хронична болест/и, односно постоење на ко-морбидитет. Кај сите починати лабораториски потврден е А(H1pdm) вирусот на грип.

Во текот на 10-та недела од 2019 година (04.03-10.03.2019), во Република Македонија се пријавени 2.429 случаи со заболувања слични на грип, што е за 9,3% намалување во споредба со минатата недела.

GOLD
To Top