Новости

Македонија

Чешкиот министер за надворешни работи Петжичек денеска во Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петжичек денеска ќе престојува во официјална посета на земјава на покана на неговиот македонски колега Никола Димитров.

На агендата на разговорите на двајцата министри, покрај прашањата за актуелната состојба и перспективите за натамошен развој на севкупните билатерални односи, ќе се најдат и прашањата за соработката во рамките на интегративниот процес на нашата земја во ЕУ и НАТО, како и заедничката соработка во рамките на меѓународните организации – најави МНР.

Во рамките на посетата, министерот Петжичек ќе оствари средби и со премиерот, Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а потоа ќе присуствува на свечениот прием во Амбасадата на Република Чешка по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји.

GOLD
To Top