Новости

Македонија

Шестмина се во тешка состојба , на 20 годишна девојка и е ампутирана ногата

Последните информации се дека  шестмина се уште  се во тешка состојба по сообраќајната несреќа на патор Скопје- Тетово. Меѓу повредените е и 20 годишна девојка која има големи повреди на ногата.

Шестмина пацинети се уште се во тешка состојба. Четворица се на КАРИЛ со тешки повреди во абодменот, повреди на глава. 20 годишната девојка имаше ампутација на нога, била во животозагрижувачка состојба. Во болницата „8-ми септември“ двајца се во критична состојба со повреди на главата.

Во Градската болница „8-ми септември“  има 28 пациенти, 6 се пуштаат на домашно лекување. Еден од нив е Абдулбахри Исмаили, денеска ја напушти болницата „8-ми септемеври“. Тој седел во третиот ред, се било многу брзо, автобусот се превртел. Со повреди на главата бил примен во болница, но за среќа со полесни повреди.

Ноќеска 14 годишно момче во болницата „8-ми септември“ и 40 годишен повреден биле оперирани. На оваа клиника двјаца се на респираторни машини со повреди на главата.

Во сообраќајната незгода што се случи пред два дена загинаа 14 патници. Вчера заврши идентификацијата на загинатите пренесува канал5.

Евротип
SNBROKER
To Top