Новости

Македонија

Шефицата на СЈО, Катица Јанева поднесе оставка

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева поденсе оставка – која ќе се активира кога партиите ќе се договорат за нејзиниот наследник и ќе го донесат новото законско решение.

Во оставката се наведува дека се повлекува од шеф на СЈО за да не биде „нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на СЈО и европските интеграции“.

„Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескопромисната борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција.

„Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја“ пишува Јанева.

Јанева беше на чело на Специјалното јавно обвинителство од 2015.

Во нејзиниот мандат беа покренати повеќе обвиненија против функционери на ВМРО ДПМНЕ, за кривични дела  кои произлегоа од содржината на незаконското следење на комуникациите.

СЈО беше формирано во септември 2015 година по долги преговори во Пржино и за него гласаа и власта и опозицијата, откако тогашната опоизиција и лидерот Заев објавуваа „бомби“ од прислушуваните разговори.

GOLD
To Top