Новости

Македонија

Штрајк на македонски железници – овие возови ќе бидат пропуштени денеска

Машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт ад Скопје од 7 часот изутрина не ги извршува работните обврски во знак на протест од доцнењето на исплатата на платата и нејзино селективно зголемување на дел од вработените, изјави за МИА Душко Чакаровски претставник на Машинскиот персонал.

Преку протетсот, информира Чакаровски, се бара исплата на вториот дел од априлската плата и плата за мај и изготвување правилник за вреднување на работните места.

Со возниот ред на МЖ Транспорт првиот воз што треба да сообраќа по стапувањето во сила на одлуката за прекин на работните обврски е предвиден за 9 часот изутринава.

Според Чакаровски, денеска ќе бидат пропуштени само возовите за Битола во 14 часот и за Гевгелија во 16.55 часот, како и меѓународните Белград-Скопје-Солун, како и Солун-Скопје-Белград. Доколку во меѓувреме не се постигне договор со раководството на компанијата и ресорното Министерство за транспорт и врски од утре ќе се пропушта само експресниот воз Белград-Скопје-Солун, изјави Чакаровски.

 

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје го сочинуваат 90 машиновозачи и околу 50 помошници.

Евротип
Евротип
To Top