Новости

Македонија

Авганистанците пристигнаа, се роди и првото бебе

Здраво машко бебе роди Авганистанката која во понеделникот вечер пристигна заедно со првите 149 Авганистанци на меѓународниот аеродром Скопје, со авион на компанијата „Камаир“ од Кабул преку Тбилиси, Грузија. Мајката со амбулантно возило била однесена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде што се породи, а меѓу бегалците има уште четири трудници. Жената, пак, која беше однесена со второто амбулантно возило имала моментален колапс и сега е добра.

„ПРИСТИГНА ПРВАТА ГРУПА ОД 149 ГРАЃАНИ ОД АВГАНИСТАН ЗА КОИ ДРЖАВАТА ИЗРАЗИ СПРЕМНОСТ ДА ОБЕЗБЕДИ ПРИВРЕМЕНО ПРИБЕЖИШТЕ. ТОА СЕ ЛУЃЕ КОИ СЕ ВРАБОТЕНИ ВО МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ПАРТНЕРСКИ МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ СО КОИ СМЕ РАБОТЕЛЕ НИЕ И НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ ВО ОВИЕ 20 ГОДИНИ ВО АВГАНИСТАН“ – ИЗЈАВИ МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ БУЈАР ОСМAНИ ПО ПРЕЧЕКОТ НА АВГАНИСТАНСКИТЕ БЕГАЛЦИ НА АЕРОДРОМОТ. СОЛИДАРНОСТА ШТО ЈА НАЈАВУВАВМЕ, ДОДАДЕ, ДЕНЕСКА ИМ ЈА ДАВАМЕ НА ОНИЕ НА КОИ ИМ Е НАЈПОТРЕБНА.

Тој нагласи дека за нивното засолнување и логистика се грижат и ги покриваат нивните трошоци  организациите каде што тие работеа и работат.

„Денеска сме фокусирани на достоинствен прием на овие граѓани, на нивна здравствена проверка, здравствена заштита и нивно сместување во соодветните хотели коишто се предвидени за оваа намена“ – истакна Османи. Рече дека ќе се направат соодветните контроли и ќе се овозможи неопходната асистенција за овие граѓани, а во наредните денови ќе се процесуираат и нивните апликации.

Османи информираше дека досега е дадена согласност за прифаќање на 750 лица, кои ќе престојуваат во земјава 90 дена до упатување кон нивните конечни одредишта. Во постојана координација сме, додаде тој, со партнерските земји па штом ќе може да излезе следната група од аеродромот во Кабул, ние ќе бидеме спремни на ист ваков начин достоинствено да ги примиме.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, истакна дека Агенцијата е подготвена за безбеден и успешен трансфер на авганистанските бегалци.

„АГЕНЦИЈАТА ГИ ПРЕЗЕДЕ НЕОПХОДНИТЕ МЕРКИ И ОПЕРАТИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОРГАНИЗИРАН И БЕЗБЕДЕН ПРИФАТ, КАКО И ЗА НАВРЕМЕНО ПРЕВЕНИРАЊЕ И СПРЕЧУВАЊЕ ОД МОЖНИ ЗАКАНИ И РИЗИЦИ. ВО ОВОЈ КОНТЕКСТ ИЗРАБОТЕНА Е СООДВЕТНА БЕЗБЕДНОСНА ПРОЦЕНКА СОГЛАСНО КОЈА СЕ РЕАЛИЗИРА ЗАСИЛЕН БЕЗБЕДНОСЕН УВИД И КОНТРОЛА НА ПРИФАТНИТЕ ПУНКТОВИ, ПРАВЦИТЕ НА ТРАНСПОРТ И СМЕСТУВАЊЕ. НАЈВАЖНО Е ДЕКА ГРАЃАНИТЕ СЕ БЕЗБЕДНИ, И НЕМААТ ПРИЧИНИ ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ. ЗАСИЛЕНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ И ИНТЕНЗИВНАТА КОМУНИКАЦИЈА СО ПАРТНЕРСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СЕРВИСИ ЌЕ БИДАТ КОНТИНУИРАНИ ЗА ЦЕЛО ВРЕМЕ НА НИВНИОТ ПРЕСТОЈ, А ВО ФУНКЦИЈА ЗА ЕФИКАСНА ЗАШТИТА НА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ, КАКО И ЛИЧНАТА СИГУРНОСТ НА АВГАНИСТАНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ“ – ИЗЈАВИ ДИМОВСКИ.

Раководителот на Итната помош, д-р Милица Бубало, посочи дека Министерството за здравство заедно со сите здравствени установи ќе даде комплетна здравствена заштита на граѓаните од Авганистан во текот на престојот во нашата држава.

„НА ПОЧЕТОКОТ НА СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ СЕ ДОЈДЕНИ ОД АВГАНИСТАН ЌЕ ИМ БИДЕ НАПРАВЕН ПЦР ТЕСТ И ЌЕ БИДЕ ПРОВЕРЕН ВАКЦИНАЛНИОТ СТАТУС. ДОКОЛКУ ИЗРАЗАТ ЖЕЛБА ЗА  ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19 ЌЕ БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ. ДОКОЛКУ ВО ТЕКОТ НА ПРОВЕРКАТА СО ПЦР-ТЕСТ ИМАМЕ ПОЗИТИВНИ, ЗА НИВ ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ 14-ДНЕВЕН КАРАНТИН“, РЕЧЕ Д-Р БУБАЛО.

Додаде дека ќе биде спроведен комплетен преглед на децата и на возрасните од страна на педијатар и интернист специјалист, а доколку имаат потреба од понатамошен преглед во тој случај ќе бидат спроведени во другите здравствени установи.

Откако пристигна авионот на Авганистанците им беа поделени пакети со храна и со автобуси беа однесени на здравствени прегледи.

Евротип
Евротип
To Top