Новости

Македонија

Ако патувате кон Србија, ќе чекате на Табановце

Доколку денеска патувате кон Србија, ќе чекате на граничниот премин Табановце.

На Табановце задржувањата се околу 30-40 минути, информира Авто Мото Сојузот на Македонија.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата“, стои во извештајот на АМСМ.

Поради продолжениот викенд и вчера имаше гужви на границите. Граѓаните заминаа за Грција или Србија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

GOLD
To Top