Новости

Македонија

Активни 214 случаи на ковид-19, денеска теренска вакцинација во 60 места

Епидемиолошката состојба со ковид-19 во државата засега останува стабилна. Како што вчера соопшти Министерството за здравство (МЗ), во деноноќието меѓу средата и четвртокот биле регистрирани 17 нови случаи на заболени со коронавирусот, а во меѓувреме продолжува и теренската вакцинација, која денеска ќе се одвива во 60 населени места во државата.

Според последниот извештај на МЗ, досега се ревакцинирани 305.804 граѓани, додека една доза на вакцина против ковид-19 имаат примено 61 отсто од населението над 70 години, 58 отсто од граѓаните над 65 години, 53 отсто од оние над 60 години и 43 отсто од лицата над 50-годишна возраст.

– Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, информираат од Министерството.

Исто така, сајтот „vakcinacija.mk“ е отворен и за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали во Кавадарци, во Куманово, во Тетово, во Штип, во Битола, во Струмица, во Охрид, во Велес и во Прилеп и во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во државата продолжува и теренската вакцинација што денеска ќе се реализира во 60 населени места.

Тетово – Шипковица, Вешала, Бродец, Лисец, Гајре, Бозовце

Гостивар – Речане, Вруток

Ресен – Дрмени, Г. Д. Перово, Лавци, Волкодери, Покрвеник, Шурленци, Прељубље, Крушје, Златари, Иабишта, Лева Река

Штип – Козјак, Аргулица, Црвулево

Свети Николе – Сарамзалино, Аџиматово

Берово – Двориште;

Струга – Делогожда, Ростуше

Струмица – Банско, Баница

Неготино – Дрен, Чифлик

Пробиштип – Петршино;

Кочани – Нивичани;

Кичево – Грешница, Бачишта, Лешница, Речани

Битола – Ореово, Паралово, Маково, Орле, Рапеш, Брник, Зович, Старавина, Будимирци, Градешница

Охрид – Пештани, Трпејца, Љубаништа;

Македонски Брод – Г. Манастирец, Д. Манастирец, Сушица, Тополница

Велес – Д. Чичево, Г. Чичево, Подлес

Скопје – Сандево, Кучевиште, Побожје.

Согласно вчерашните податоците од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени вкупно 2.896 тестирања. Од новите случаи на заболени, девет беа регистрирани во Тетово, шест во Скопје и по еден во Прилеп, односно Гостивар. Оздравеа седум пациенти (по тројца од Куманово и од Тетово и еден од Скопје), а почина едно лице.

СН Брокер
To Top