Новости

Македонија

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД УХМР: Ќе дува силен ветер и над 60 километри на час, викендов пониски температури

Управата за хидрометеролошки работи издаде предупредување во кое наведува дека денеск од изутрина на северот на Македонија поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а потоа и долж Повардарието повремено и силен северен ветер со брзина од над 60 км/час. Информираат дека тоа ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови.

Кон средината на следната недела, односно од среда, од пладневните часови од запад ќе се прошири нестабилност проследена со повремено пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

GOLD
To Top