Новости

Македонија

АМСМ со важно известување до сите возачи

Од АМСМ денеска најавија прекин во сообраќајот на еден патен правец.

Според нивното соопштение, планирано е сообраќајот да биде во прекин од денеска, 09.08.2022, до 20.08.2022. Како што наведуваат тие, овој прекин е поради изведба на градежни активности на патниот правец Маврови Анови – с.Галичник Р- 2238.

Прекинот ќе започнува секој ден од 10:00 часот, а ќе трае до 16:00 часот.

Активностите, односно асфалтирањето, ќе се изведува само во работни денови.

Евротип
SNBROKER
To Top