Новости

Македонија

Ангелевска: Ќе бидат изградени многу нови патни правци во сите региони од земјата

Кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Ангелевска зборуваше за инвестициите во патната инфраструктура.

„ВМРО ДПМНЕ се обврзува на развиена и функционална инфраструктура.
Затоа, ВМРО ДПМНЕ се обврзува на РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СИТЕ ДРЖАВНИ ПАТИШТА ВО СОГЛАСНОСТ СО СТЕПЕНОТ НА
ОШТЕТЕНОСТ НА ПАТОТ И ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Главен приоритет на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде понатамошни инвестиции во патната инфраструктура. Ќе бидат изградени многу нови патни правци во сите региони од земјата.
Се обврзуваме на изградба на автопат Прилеп-Битола и експресен пат до граничниот премин Меџитлија. Буџетот за овој проект изнесува 4,9 милијарди денари.
Исто така, се обврзуваме на СИЛНА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СЕКОЈА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА
Тоа предвидува и реконструкција, рехабилитација и проширување на најмалку 1000 километри магистрални, регионални и локални патишта. Притоа на истите ќе се постави хоризонтална, вертикална и светлосна сигнализација.
За разлика од напорите на ВМРО-ДПМНЕ да изгради модерна и
функционална инфраструктура која ќе биде од интерес на бизнис-секторот и граѓаните, СДСМ во изминатиот период успеа да реализира целосно
запирање на сите крупни инфраструктурни проекти, воведоа мораториум за градење во повеќе општини, дополнително ја усложнија градежната регулатива и покажаа историска неспособност во реализирање на капиталните проекти. Да не заборавиме дека тие во својата изборна програма ветуваа изградба на 550 км магистрални и регионални патишта, 600 км автопати и експресни патишта и 1000 км локални патишта. Од овие ветувања граѓаните на Македонија не видоа никаква реализација.
И токму затоа, нашата цел и визија е да донесеме обнова на економскиот развој, придвижување на сите застанати проекти на кои ќе им дадеме нов импулс и содржина, а нудиме и сосема нови проекти коишто значат подобрување на квалитетот на живот на македонските граѓани.
Заедно на 15 јули, за обнова на Битола, за обнова на Македонија!“, рече Ангелевска.

GOLD
To Top