Новости

Македонија

Андреа вечерва пее на второто полуфинале на Евросонг во Торино

Нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска со „Кругови“ на Александар Масевски настапува под реден бро 11, вечерва, во 21 часот, на второто полуфинале на 66. Евросонг во Торино, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи.

На грандиозната сцена на Пала Олимпико според редоследот, ќе настапат 18 учесници од Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Северна Македонија, Естонија, Романија, Полска , Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Од големата петорка ќе настапат Англија, Германија и Шпанија . Финалето е в сабота, на 14 мај.

Познати се првите 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евровизија. Од 17 земји кои настапија во вторникот, во финалето се пласираа изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Претставниците на Словенија, Хрватска, Албанија и на Бугарија, не се пласираа во финалето.

Евротип
SNBROKER
To Top