Новости

Македонија

Анџело Ѓорѓиевски и Климентина Левковска осудени на 18 години, Андреј Костовски на 16, пресуда за убиството на ракометарот Денис Тот

Обвинетите Клементина Левковска, Анџело Ѓоргиевски и Андреј Костовски се огласуваат за виновни за кривично дело убиство со умисла. Основниот кривичен суд вели дека Анџело и Клементина имале поголем придонес во извршување на кривичното дело, а Анџело и Андреј му помагале на оштетениот Тот по тепањето. Судот го осудува Анџело на казна затвор од 18 години, а иста казна се досудува и за Клементина. За Андреј судот донесе одлука да му изрече казна затвор од 16 години.

Обвинителството ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство” од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

Пресудата на првостепениот суд не е правосилна и стрнките имаат право на жалба во рок од 15 дена до Апелацискиот суд Скопје.

Евротип
SNBROKER
To Top