Новости

Македонија

Апелациониот суд денеска одлучува за казните на Боки 13 и Катица Јанева

Апелациониот суд денеска ќе одлучува по казните на осудените во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Бојан Јовановски доби 9 години затвор од Кривичниот суд, додека за Катица Јанева беше издадена седумгодишна казна затвор. Тие имаа право на жалба, и го искористија тоа право, со што сега Апелација може да ги потврди казните со што би станале правосилни, но може предметот да го врати и на повторно судење.

Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори на 15 јули 2019 година, кога беше уапсен и Јовановски, додека Јанева стана осомничена на 21 август истата година.

Двајцата обвинети се наоѓаат во домашен притвор во моментов. Боки 13 беше во притвор во Шутка, но поради нарушена здравствена состојба, неколку пати беше пренесуван во болница, а на крајот на октомври минатата година му е изречена мерка домашен притвор.

Според пресудата, откако во ноември 2018 била отворена истрагата „Империја“ на СЈО, Јовановски со Кичеец договорил средба со Ана Камчева во неговата канцеларија во 1ТВ. Откако таа обезбедила 500 000 евра, Јанева дала предлог мерката притвор да се укине и замени со куќен притвор. Понатаму, според судот се докажало дека откако бизнисменот излегол од притвор, преговорите продолжиле и Јовановски барал 8 милиони евра во случај Врховниот суд да одлучи дека СЈО е надлежно за „Империја“.

Доколку не и предметот заврши во рацете на редовното обвинителство, тогаш барал 5 милиони евра, а за возврат Јанева ќе му ја олесни положбата на бизнисменот односно ќе му даде својство на заштитен сведок или ќе склучи спогодба. Се барале прво, рече судијката, 1 милион евра, со кои Камчев требало да добие пасош, а останатите 4 требало да се дадат на рати во наредните месеци.

Евротип
SNBROKER
To Top