Новости

Македонија

Армијата добива нови 7000 борбени униформи и нови 700 комплети униформи за специјалните сили

Министерството за одбрана обезбеди и втор комплет на 7000 нови борбени униформи за припадниците на Армијата. Баталјонот за специјални сили добива нови 700 комплети на борбени униформи, специјално дизајнирани според нивните побарувања.

Пред само неколку години, еден од најспоменуваните проблеми во Армијата беше недостигот на чизми и униформи за нејзините припадници. Покажавме дека со политичка волја и работа можат да се решат тие проблеми. Но, не застанавме тука. Го решивме проблемот, но воспоставивме и систем на снабдување кој треба да гарантира дека таквите проблеми никогаш нема да се повторат. Затоа, беше воведено правило на целосна покриеност на припадниците на Армијата со два комплета борбена униформа, и тоа правило целосно го реализиравме.

Новите униформи вчера пристигнаа во касарната Ѓорче Петров во Скопје. Со ова целосно се завршува опремувањето на Армијата со нови борбени униформи.

Евротип
SNBROKER
To Top