Новости

Македонија

Без донации, продолжува потрагата по Мартин, другарите не се откажуваат

Пријателот на Мартин Јовановски, Иван преку Фејсбук групата „Сите за Мартин“ соопшти дека потрагата продолжува иако уште минатата недела грчката спасувачка служба извести дека од нивна страна е завршена, без резултат.

„Поради ширење на дизинформации ви пуштаме порака да знаете иако донациите се исклучени, потрагата се уште продолжува, имавме пауза, но не се откажавме. Вчера прегледано е на втор крак, денес на прв, а утре над Катерини околу Солун, објави Иван и пушти видео снимки и фотографии од потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски кој исчезна на 9.јули кога во друштво на двајцата другари Васил и Иван беа однесени од морските струи од плажата Мити, кај Посиди на Халкидики.

Иван и Васил беа спасени, а по Мартин се трагаше 20 дена, иако вообичаено грчките спасувачки операции по лица исчезнати во море траат 72 часа.

Грчката служба ОФКАТ вклучи дронови, авиони и бродови во потрагата по Мартин, беше пребарано речиси целото грчко крајбрежје од вода и од воздух, па и со подводен дрон, но немаше трага од момчето.

-Мартин не припаѓа на морето, Мартин припаѓа на копното и мора да се „врати“ таму во одреден момент. Па да го оставиме морето да си ја заврши „работата“ неколку дена со надеж дека во еден момент ќе ни се оддолжи, соопшти шефот на ОФКАТ Христос Рамос.

Во потрагата се вклучија и волонтери од Македонија, а сега на терен, според објавата на Иван, самостојно се волонтери и другарите на Мартин, но за жал, нема трага од момчето, објави неговиот брат Горан кој допатува од САД за да учествува во потрагата.

Пребаран е и источниот егејски брег кон Турција, како и целиот полуостров Халкидики и островите Лезбос и Самос.

Евротип
SNBROKER
To Top