Новости

Македонија

Бизнисмените од Пелагонискиот регион бараат модернизирање на патот Меџитлија – Битола – Прилеп – Велес

Регионалните комори од Пелагонискиот регион при Стопанската комора на Македонија ја обновија иницијативата за модернизација на регионалната патна инфраструктура и модернизирање на патниот правец Меџитлија – Битола – Прилеп – Велес.

Бизнис секторот од овој регион е незадоволен бидејќи овој регионго нема во плановите за капитални инвестиции и Фондот за патишта за  2021 година.Тие апелираат што побрзо да се сретнат со премиерот  и економскиот тим на земјата за да ги изложат аргументите повторувани 20 години се во функција на подобрување на економската ситуација што би имале корист сите.

Од коморите информираа дека во последните 3 години за ова прашање е дискутирано со највисоките претставници на извршната власт и тоа на неколку последователни средби и работни состаноци во Прилеп и Битола со премиерот, заменик на претседателот на Владата на РСМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, министерот за транспорт и врски и министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Бизнисмените сметаат дека реализацијата на иницијативата ќе има големо значење и за работењето на компаниите од Југозападниот регион кој учествува со 19,5% од БДП, но и за поврзување со Република Грција (со околу 250.000 жители во пограничните региони) и Република Албанија (со околу 150.000 жители во пограничниот регион) со што ќе опфати регион од околу 1 милион жители.

Иницијативата за ова патно решение првично e покрената на седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп уште во 2005 година и на седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Битола на 17.11.2010 година, каде се спомнува главен проект од 1997 година за истиот пат во должина од 52,65 км т.е. 71,87 км. Во 2008 година од сопствени средства на Комората, изработен е и предлог проект од фирмата Балкан Консалтинг.

Над 8.300 компании компаниите од Пелагонискиот регион создаваат 11,3% од БДП и вработуваат вкупно 130.000 вработени.

Евротип
SNBROKER
To Top