Новости

Македонија

Боки 13 и Јанева утре ќе ја слушнат пресудата за „Рекет“

Пресудата за случајот „Рекет”, ќе биде објавена во големата сала на Врховниот суд, инфомираат од Кривечен суд Скопје, од каде додаваат дека оваа одлука е донесена по барање на новинари.

На утрешното последно рочиште за „Рекет”, се очекува да присуствуваат голем број медиумски екипи.

Во случајот „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување. На поранешнета шефица на СЈО, Јанева, и се заканува казна затвор над 3 години, а за двете дела за кои се гони Боки 13 е предвидена казна од 1 до 10 години затвор пренесува Фокус.

GOLD
To Top