Новости

Македонија

Вакцините на „Астра Зенека“ во земјава се потрошија, ако стигнат нови ќе се размислува за тоа кој може да ги прими

Вакцините против ковид на производителот „Астра Зенека“, кои ѝ беа на располагање на земјава, се целосно потрошени и тие се аплицираа на граѓани постари од 60 години, информираше министерот за за здравство Венко Филипче.

На прашањето дали се размислува за укинување на ограничувањето за тоа кои возрасни групи може да ја примат оваа вакцина, Филипче вели дека засега нема промена во ставот, односно останува препораката оваа вакцина да може да ја примат само граѓаните постари од 60 години.

Ваквата одлука земјава ја донесе откако Канада и Германија ја ограничија вакцината да може да ја примаат само повозрасни граѓани поради можната поврзаност на вакцината со предизвикување тромбоза. Но, Германија вчера одлучи да го отстрани ограничувањето и сега ќе ја дава вакцината на сите полнолетни граѓани.

„Сите 24 илјади дози од вакцината на ‘Астра Зенека’ што ги имавме веќе им се дадени на повозрасни граѓани. Засега нема промени. Вакцината им е дадена на постарите граѓани, но не се земаат само предвид искуствата од Германија, туку и од други земји. Ќе се анализираат и другите публикации и ставови и врз основа на тоа ќе носиме одлуки. Засега нема промена во ставот“,рече Филипче.

GOLD
To Top