Новости

Македонија

Велигденска акција: 15% попуст на домаќинско осигурување СН Дом

Домот е место каде што се чувствуваме спокојни. Тоа е најсигурното прибежиште од сите животни бури, но и место каде ги делиме најважните моменти во животот со најблиските.

Затоа осигурителната заштита на домот е долгорочна инвестиција од врвен приоритет за целото семејство.

По повод Велигденските празници СН Осигурителен Брокер подготви промотивно намалување од 15% на полисата за домаќинско осигурување СН ДОМ, со која што вашиот дом е заштитен во случај на кражба, поплавa, пожар и други ризици дефинирани согласно пакетот.

Домаќинското осигурување со пакетот СН Дом опфаќа осигурување на домот и членовите на домаќинството по редовни цени веќе од 1200 денари годишно, додека со велигденската акција до крајот на овој месец е предвиден попуст од 15%.

Пакетот СН ДОМ покрива 18 ризици, што е рекорден број за еден пакет за домаќинско осигурување, започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, луња, поплава од внатрешни инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провална кражба и разбојништво, кршење на стакла во домот, осигурување од незгода на сите членови во семејството, приватна одговорност итн…

За оваа промотивна понуда клиентите можат да добијат повеќе информации на веб-страницата на СН Осигурителен.

Брокер: www.snbroker.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 15 770.

Осигурајте се дека вашиот дом е секогаш сигурен!

Евротип
SNBROKER
To Top