Новости

Македонија

Велики Петок и втор ден Велигден неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.

Евротип
SNBROKER
To Top