Новости

Македонија

Верниците денеска го одбележуваат Св. Јован Милостивиот

Верниците денеска го одбележуваат Св. Јован Милостивиот.

Роден е на Кипар во кнежевско семејство. Од детството бил воспитуван како христијанин. Подоцна, по желба на родителите, се оженил и имал деца. Но, семејниот живот не му пречел непрестано да напредува во доблесниот живот. Кога му умреле жената и децата, бил избран за патријарх во Александрија. Ја управувал оваа Црква десет години. Од сите доблести, посебно го одликувала милостивоста, заради што и бил наречен милостив. Се успокоил на Кипар, во своето родно место, во 620 година. Неговите чудотворни мошти биле пренесени во Цариград, па дури во Будимпешта, и најпосле во Пресбург.

Овој светец го одбележуваат сите христијански цркви и го сметаат за светец на добрина, поради што се верува дека на денешен ден треба да бидете милостиви кон секој кој ви побара помош.

Ако сте скарани со некого или лути на некој кој ви направил нешто лошо, простете. Се верува дека на оној што простува, повеќеструко ќе му се врати со благосостојба и среќа.

GOLD
To Top