Новости

Македонија

Ветон Кранли е новиот Началник за сузбивање на организиран и сериозен криминал

Ветон Кранли е новиот Началник на одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Биро за јавна безбедност при МВР на Репубилка Северна Македонија.

Имено Ветон Кранли на новата позиција доаѓа од работното место Советник во кабинет на министер на МВР, а со своето долгогодишно работно искуство кое го има поминато токму во МВР и одделот за сузбивање на организиран криминал е еден од најпрофесионалните и најдобрите инспектори во оваа единица на МВР.

Кранли е по потекло од Ресен, има завршено повеќе школи во делот на сузбивање на организиран криминал во повеќе држави во светот, а неговите залагања биле на највисоко ниво.

Ветон Кранли на оваа позиција доаѓа на местото на Лазо Велковски кој заминува во пензија.

Евротип
Евротип
To Top