Новости

Македонија

Вечерва нема полициски час

Владата по предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука, да нема полициски час за време на празниците Велигден и Бајрам, односно на 1-ви спроти 2-ри мај, како и ноќта меѓу 12 и 13 мај.

Забраната за движење останува на сила во останатите денови, и според последната одлука ќе почнува во 21:00.

Исто така се отворија и летните тераси во сите угостителски објекти кои ќе може да работат до 20, односно до 20:30 часот.

Препораките од Комисијата се поради намалувањето на бројот на новозаразени и на хоспитализирани во изминатиот период. Мерките би биле во сила до завршување на празниците, по што повторно ќе се направи анализа.

До вчера вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.

Во Битола од почетокот на епидемијата се регистрирани 6148 лица, а активни се 947.

GOLD
To Top