Новости

Македонија

(Видео) Пожарот на Галичица активен, слушнати околу 20 експлозии на мини гранати од Прва светска војна

Пожарот на Галичица од албанска се префрли и на македонска страна. Иако и претходно, делови од пожарот влегуваа македонската страна. Карактеристично за пожарот е тоа во изминатите денови се слушнати околу 20 експлозии коишто се предизвикани од неексплодирани мини гранати, најверојатно од Првата Светска Војна, изјави на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Карактеристично за овој пожар, според ЦУК, е силната експлозија што се слушнала вчера попладне, а за која се претпоставува дека е предизвикана од активирање на огнот, експлозивна направа, мина или друг вид експлозивно средство, остаток од борбите што се воделе на ова подрачје во балканските или Првата светска војна.

Од Главниот штаб за управување со кризи велат дека дополнително ќе одлучат на кој начин ќе се гасне овој пожар, ставајќи ја на прво место безбедноста на екипажот на хеликоптерите и безбедноста на луѓето кои ќе учествуваат во гаснењето на пожарот од земја.

Врвот Магаро и неговата околина во моментов не се безбедни за искачување, велат од ЦУК.

Пожарот започна на планината Галичица, на албанската територија. Екипите на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција се на терен. Според информациите на РЦУК Охрид, пожарот со помош на ветерот преминал на македонска територија кај граничен камен F-9.

Евротип
SNBROKER
To Top