Новости

Македонија

„Виз ер“ со задолжителна вакцинација против ковид-19 за екипажот

Авиокомпанијата „Визер“ објави дека од 1 декември 2021 година ќе бидат потребни вакцинации против Ковид-19- или редовно тестирање на антиген/ПЦР тест во специјални случаи – за целиот екипаж, па затоа ќе воведат вакцинација за патниците.

Велат дека истражувањата ја покажуваат нивната ефикасност како најдобра достапна форма за заштита од Ковид-19.

„На почетокот на пандемијата, ‘Визер’ беше пионер во воведувањето на строги здравствени и безбедносни мерки за заштита на патниците и членовите на екипажот, обезбедувајќи максимални санитарни услови и поддржувајќи физичко дистанцирање. Како што продолжува пандемијата, ‘Визер’ е меѓу првите европски авиокомпании што дополнително ги зајакна своите заштитни мерки со оваа политика, која ќе се спроведе во согласност со поддршката на локалните власти и здравствените институции низ базите на ‘Визер’“, велат од авиокомпанијата.

Евротип
SNBROKER
To Top