Новости

Македонија

Владата ги „замрзна“ цените на основните производи до 31 јануари 2022 година

Владата донесе одлука да ги замрзне цените на она што граѓаните секојдневно и најчесто го купуваат, на нивото што го имале на 1 декември. Станува збор, за лебот, брашното тип-400, сончогледово малсо за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснатите производи, како и сирењето и урдата.

Одлуката доаѓа во пресрет на најавениот ценовен шок, а од владата велат дека целта е да се зачува животниот стандард..

-Следејќи ја економската состојба предизвикана од здравствената криза на ковид-19 и енергетската криза во светот, како и потрошувачката моќ на граѓаните во Македонија, се оцени за потребно да се ограничан цените на слободниот пазар, единствено на примарните прехранбени производи, кои се доминантни производи за консумирање, вели Мухамед Хоџа – Портпарол на Влада.

Евротип
SNBROKER
To Top