Новости

Македонија

Владата денеска на онлајн-седница, се очекува одлука за новите мерки

Владата најави премиерот Зоран Заев, ќе одржи онлајн-седница, на која се очекува да се дискутира и да се усвојат новите мерки кои минатата недела ги предложи Комисијата за заразни болести.

Станува збор за три мерки. Една од нив е задолжително носење маска или заштитна прекривка на устата и носот и при престој на отворено дури и кога лицето се движи само, како и во затворени простории. Исклучок, кога не мора да се покриваат устата и носот, е при спортување, за деца до шест години, при транспорт во приватно возило со членови на семејството, при седење во угостителски објекти (со почитување на протоколите), како и ако лицето е само во канцеларија.

Другата мерка е забрана на групирање на повеќе од четири лица по 22 часот, а трета предвидува забрана за масовни семејни собирања. Едно семејство ќе може да прими најмногу четворица гости.

Како би се контролирале собирите во домовите, е прашање кое поткрена големи реакции во јавноста, но засега од власта немаше прецизни одговори. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во последната изјава порача да се почека прво да се усвојат мерките и потоа ќе биде јасно како ќе се спроведува мерката.

Денешната седница на Владата ќе биде онлајн по препорака на здравствените власти откако последниот период се забележа наплив од нови случаи со ковид-19.

GOLD
To Top