Новости

Македонија

Владата денеска ќе одлучува за целодневна настава

Владата на денешната седница ќе одлучува дали да има целодневна настава за децата од прво до трето одделение кои со физичко присуство ќе тргнат на училиште на 1 октомври.

Комисијата за заразни болести наводно вчера дала зелено светло децата од ист клас да можат да останат во училиште до 15 часот и да не се мешаат со други одделенија.

Ова следува по реакцијата на многу родители зошто нема кој да им ги зема и да се грижи децата, бидејќи тој период околу пладне кога им завршувале часовите биле на работа.

GOLD
To Top