Новости

Македонија

Влажни коловози, намелна видливост, сообраќајот во прекин на „Евзони“

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла, видливоста е намалена на 30-50 метри во Павлешенци и 50-100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ОГРАНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4×4.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

ЗИМСКА ОПРЕМА: На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

ВНИМАТЕЛНО: Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна. Десната лента се затвара за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента, поставена e содветна сигнализација.

GOLD
To Top