Новости

Македонија

Влез во земјава за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора само со ПЦР тест

Комисијата за заразни болести одлучи да ѝ предложи на Владата од утре за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора при влез во Република Северна Македонија да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, соопшти Министерството за здравство.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе биде доставена до Владата за понатамошно постапување.

GOLD
To Top