Новости

Македонија

ВМРО на Каракачанов соопшти: „Доколку Македонија не го испрати, Васил ќе биде бугарски претставник на Евровизија“

Партијата на вицепремиерот Красимир Каракачанов – ВМРО, денеска изглезе со партиско соопштение во кое што јасно дава до знаење дека би работел на случајот Васил Гарванлиев наредната година да ја претставува Бугарија на Евровизија.

Но, условот за горенаведеното би бил „доколку Македонија го повлече неговото учество на овогодишниот настан на Евровизија“, пренесува „Фактор“.

„Евровизија е натпревар во пеење за слободни и талентирани млади луѓе. Тоа што се случува со претставникот на РС Македонија на Евровизија Васил Гарванлиев не кореспондира на кој било начин со европските вредности за кои Скопје официјално тврди дека тежнее. Ние од ВМРО нема да толерираме засадување на негативни чувства против Гарванлиев, само затоа што не крие дека има бугарски пасош – исто како и скоро 100.000 наши браќа таму. И, ако младиот пејач се повлече од конкуренцијата, ќе ја повикаме Бугарија тој да биде испратен како нејзин претставник следната година. Сè додека ВМРО е во бугарскиот парламент, нема да дозволиме воинствен србомакедонизам во ЕУ“, пишува во дел од соопштението на партијата предводена од Каракачанов – воедно и бугарски министер за одбрана кој што е дел од владеачката коалиција во Бугарија.

Инаку, од МРТ соопштија дека ќе се формира посебна комисија за да го преиспита целиот овој случај поврзан со песната и спорниот дел од спотот на истата во која што се појави уметничко дело со боите на бугарското знаме, па оттаму дополнително ќе објават дали Гарванлиев оваа година ќе нè претставува на Евровизија.

Покрената беше и петиција за Гарванлиев да не нè претставува на Евровизија поради тоа што поседува две државјанства, а реакциите во јавноста не престануваат.

GOLD
To Top