Новости

Македонија

Водостоите надпросечни, можни излевања на Вардар, Струмица и Црна

Иако врнежите од дожд се намалија, а состојбата почнува полека да се стабилизира, се уште се можни локални излевања на реките Вардар, Струмица и Црна Река, предупредуваат од УХМР.

Овие два дена се очекува сите водостои и натаму да бидат надпросечни за овој дел од годината, но со појавата на минусните температури од четврток, нивоата брзо ќе опаѓаат.

Од ЦУК за Канал 5 велат дека ситуацијата е под контрола, нивните екипи се подготвени за интервенција во секое време.

Во Скопје во текот на ноќта, водостојот на Вардар го достигна својот максимум и денеска се очекува да се намалува, и тоа во зависност дали ХЕ Вруток, Козјак, Св.Петка и Матка ќе работат или не. Во Велес утрово има зголемен водостој кој се очекува во текот на денот постепено да се намалува.

Обилните должови што го зафатија регионот, направија многу поголеми проблеми кај соседите.. Србија прогласи вонредна состојба на југот, во Ниш, Врање, Лесковац, и други општини, каде што обилните дождови предизвикаа поплави и ги заматила изворите на вода. Најкритично е кај Бела Паланка каде цело село е под вода. Ситуацијата од утрово се смирува, но над 10 000 домаќинства сè уште се без струја. Војската е на терен за помош на граѓаните.

Претседателот Вучиќ издаде наредба за употреба на војската. Војската да излезе и да му помогне на својот народ. Ние сме денеска во општините Власотинце, Лесковац и Житораѓа. Кога велам општини мислам на сите територии каде локалната самоуправа кажува дека постои потреба да се помогне. И како што видовте овие млади момчиња од Командата за обука денес се овде, работат, ангажирани се инжинериски машини, пумпи за извлекување вода, каде и да е потребно, изјави Стефановиќ, српскиот министер за одбрана.

Серизони штети поплавите направија и во Албанија и во Бугарија, но властите и во двете земји уверуваат дека состојбата полека се нормализира.

GOLD
To Top