Новости

Македонија

Вонредната состојба се продолжува за нови 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност најави дека ќе донесе одлука за нова вонредна состојба во траење од 14 дена, која ќе почне да важи од утре.

„Имајќи ги предвид зголемениот број на заразени и починати наши сограѓани, донесов одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба. Сакам да потенцирам дека оваа одлука ја носам исклучиво за да и се овозможи на владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат со здравствените и со економско социјалните ефекти од пандемијата и не е поврзана со датумот на предвремените парламентарни избори. Битката со вирусот #COVID19 сигурно ќе ја добиеме, но не смееме да се опуштаме. Мора до крај сите да останеме совесни и одговорни и да се грижиме, како за своето, така и за здравјето на нашите блиски“, истакна Пендаровски.

GOLD
To Top