Новости

Македонија

Во април земјава ја посетиле 9103 странски туристи, најбројни од Турција и Србија

Во април земјава ја посетиле 9.103 странски туристи, при што најбројни се оние од Турција и Србија. Неколку пати помал е бројот на Германци, Грци и Бугари кои ја посетиле земјава во истиот период.

Вкупниот број на туристи и домашни и странски во април е 19.064, од кои 52,3  отсто се домашни туристи, а 47,7 отсто се странски туристи, а за перодот јануари-април годинава има 97.735 гости. Тоа е намалување од 19,4 отсто во однос на тој период лани. Кај домашните туристи има скок за 23,3 отсто, а кај странските има намалување за 44,3 отсто. Бројот на ноќевањата во април 2021 година изнесува 42.117, од кои 51,9 отсто се од домашните туристи, а 48,1 отсто од странските туристи. Овие податоци го објави Државниот завод за статистика.

GOLD
To Top