Новости

Македонија

Во болниците низ државата од ковид-19 се лекуваат 671 пациент, по Скопје најмногу се во Прилеп

Во ковид-центрите низ државата денеска има 671 пациент, од кои 248 се во Скопје, а 423 во другите градови, додека бројот на слободни болнички кревети е околу 400, информира Министерството за здравство.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот и од нив 5 биле на интерните клиники, 8 во ГОБ 8 Септември, 9 на Инфективната клиника и двајца во Козле. Дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Според Министерството за здравство, во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 15, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациенти со симптоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, на Клиниката за инфективни болести 88, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти, а на ГАК се хоспитализирани 3 пациентки позитивни на ковид-19.

Во однос на болниците во другите градови, најмногу пациенти има во Прилеп-67, па во Куманово-57. Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на ковид-19, во болницата во Штип 38 пациенти, на инфективното одделение во Тетово 21,а во Велес 31 пациент. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 55 пациенти, во Гостивар 6, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица има 23 пациенти, во Кочани 6, во Кичево 8, Кавадарци 40, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

GOLD
To Top