Новости

Македонија

Во две големи акции МВР вчера заплени заплени 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра

Запленета е еден тон и 600 килограми наркотична дрога во вредност од три милиони и 200 илјади евра, во текот на вчерашниот ден во две големи акции на МВР за сузбивање на шверц со дрога, на две различни локации во државата, на подрачјата на СВР Струмица и на СВР Битола – ОВР Ресен.

Како што соопштија денеска од МВР, првата акција е реализирана од страна на полициски службеници од СВР Струмица заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност во содејство со членови на Комисијата за оценување на исполнетост на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.

Евротип
SNBROKER
To Top