Новости

Македонија

Во добра состојба е пациентот, кој доби црн дроб од починат донор

Шеесетгодишниот пациент, кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб од починат донор е во добра стабилна постоперативна состојба, објави Министерството за здравство.

„Сакам повторно да изразам голема благодарност до комплетниот трансплантациски тим. Оперативниот зафат за екстрипација на црн дроб од дарителот ја изврши хируршкиот тим под водство на проф. д-р Зоран Караџов и асс. д-р Ќемал Рушити, трансплантацијата ја изврши хируршкиот тим под водство на проф. д-р Светозар Антовиќ и асс. д-р Љубомир Огненовиќ.

Подготовката и севкупната координација беа извршени од координаторите од Клиниката за гастроентерохепатологија доц. д-р Бети Тодоровска и науч. сор. Елена Цуракова Ристевск и националниот координатор за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова, кало и колегите од клиниките за неврохирургија, нефрологија, кардиологија, кардиохирургија, трансфузиологија, анестезија и интензивно лекување за огромниот успех со кој испишавме нова страница во македонското здравство.

Посебна благодарност и до семејството на донорот, кои и во најтешките моменти имаа сила, храброст и доблест со својата одлука да спасат човечки живот, рече министерот д-р Беким Сали при денешната посета на пациентот со трансплантиран црн дроб на УК за дигестивна хирургија.

Евротип
SNBROKER
To Top