Новости

Македонија

Во ЕУ само со негативен ПЦР тест

Земјите-членки на ЕУ ќе бараат негативен ковид тест од лица кои доаѓаат од трети зермји.

Ќе се бара негативен тест КОВИД-19 не постар од 72 часа за сите задолжителни или факултативни патувања надвор од ЕУ.

Покрај тоа, земјите од ЕУ ќе можат да бараат карантин до 14 дена и дополнително тестирање особено за земјите каде се откриени нови видови на коронавирус.

ЕУ ќе ги укине ограничувањата за патување за граѓани од оние земји кои немаат повеќе од 25 нови случаи на ковид-19 на 100.000 жители во рок од 14. дена, кои имаат стабилен или опаѓачки тренд на нови случаи, повеќе од 300 тестови на 100.000 жители во претходните 7 дена со не повеќе од 4% позитивни тестови.

 

Евротип
Евротип
To Top