Новости

Македонија

Во имунизацијата се вклучува и приватниот сектор

Во масовната имунизација се вклучува и приватниот сектор. Текстилните компании но и од останатите индустрии треба да направат списоци со вработени, кои сакаат да вакцинираат против Ковид-19 и да ги достават до здравствените домови, со цел да добијат термини, кога нивните вработени можат да се вакцинираат на регионалниот пункт во штипската сала „Јордан Мијалков“.

На пунктот во Штип се вакцинираат граѓаните над 60 години од штипскиот и струмичкиот регион, а исто така и вработените во критичната инфраструктура, образование, здравство, полиција, медиумски работници, градинки и комунални претпријатија.

Здравствените работници велат дека без проблеми тече имунизацијата на населението, редот се почитува и секој си влегува во пунктот без проблеми. Дневно на овој регионален пункт против Ковид 19 се имунизираат над 1.500 граѓани од штипскиот и струмичкиот регион.

GOLD
To Top