Новости

Македонија

Во Кичево утре свечено стартуваат со работа пет компании во срцето на градот, попусти, многу изненадувања, промо ваучери и многу забава

По повод официјалното отворање закажано за утре (26 март, сабота) со почеток од 15:00 часот во Кичево ќе се реализира голема забава проследена со музичка програма, коктел и многу изненадувања за посетителите. Во сосема нов и уреден простор доаѓаат Голд слот клуб, спортска обложувалница Евротип, како и експозитури на туристичката агенција „ЈК Травел“, „Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен Брокер“ и “СН Финансиското друштво”

Со цел да бидат поблиску до клиентите, а во насока на обезбедување навремена и квалитетна услуга за населението во град Кичево, петте компании ја прошируваат својата деловна мрежа на уште една атрактивна локација. Нивните претставништва се отвораат во современо опремени простории во трговскиот центар лоциран на Булевар Ослободување број 1.

Целодневната забава ќе започне во 15 часот на отворено, при што публиката ќе ја забавува Диџеј Мицко. Во 21 часот забавата продолжува во Голд Слот Клубот со групата „Addicted“. Воедно, програмата предвидува и спектакуларен огномет во вечерните часови.

На свеченото отворање за посетителите ќе бидат овозможени специјални попусти и промо ваучери, додека настанот е од отворен карактер со бесплатен влез за сите посетители.

Бидете дел и вие!

 

Евротип
SNBROKER
To Top