Новости

Македонија

Во ковид центрите се лекуваат вкупно 190 пациенти, во Прилеп 3, во Битола 5

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 109, и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство, според податоците во последните 24 часа.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 5, во Штип 4, на инфективното одделение во Тетово има 2, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 14. Во ковид центарот во Охрид има 7 болни, во Прилеп 3, во Гостивар 8, а во Струга 5. Во болницата во Струмица се лекуваат 9 лица, во Кичево 1, а во Кавадарци и во Гевгелија нема пациенти бони од корона вирус.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 2 нови пациента, а вкупно 43 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Два примени пациента имало во ГОБ „8 Септември“. Немало приеми ниту на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 3 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 15 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 лица.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, соопштуваат од Министерството за здравство.

Евротип
Евротип
To Top