Новости

Македонија

Во Ресен првите заразени се од семејна прослава

Минатата недела во Ресен беше регистриран првиот случај на Ковид-19, а заклучно со денешните бројки досега биле откриени вкупно 25 случаи од кои активни се 24, а еден е починат.

На денешната прес конференција министерот Венко Филипче рече дека првите дијагностицирани се од семејна прослава, а локалниот кризен штаб во договор со фабриките одлучи тие привремено да бидат затворени, па околу 600 лица нема да одат на работа.

„Во Ресен сосем е соодветна ваквата одлука, со оглед на тоа што може во рамки на тие работни простории да има трансмисија на вирусот. Станува збор за 20-ина дијагностицирани лица во Ресен и практично жариштето е од еден семеен настан. Повторно се сведуваме на нешто што целиот изминат период се препорачува да се избегнува, каде што немало ни дистанца ни носење на маски. Така што, од еден кластер се сите тие контакти. Од еден кластер се сите тие контакти“, рече Филипче.

GOLD
To Top