Новости

Македонија

Во Скопје денес заедничка владина седница на Македонија и Косово

Денеска во Скопје заеднички седници ќе имаат владите на Македонија и Косово.

Ова е прва заедничка седница на владите на двете земји , а истата ќе ја предводат премиерите Заев и Курти.

Косовската делегација ќе биде пречекана со сите свечени церемонии а пред да почне заедничката седница, Заев и Курти ќе имаат тет а тет средба.

Најавата од прес службата на владата е да се стават потписи на повеќе договори и меморандуми за соработка од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот и слично а потпишувањето ќе се одвива свечено.

Евротип
Евротип
To Top