Новости

Македонија

Во Струга прв случај на лице заразено со омикрон

Според информациите од Центарот за јавно здравје, во Струга е регистриран случај на заразено лице од новиот сој на коронавирусот – омикрон. Надлежните додаваат дека e заболено повозрасно лице, асимптоматски случај и дека е во изолација.

Ова е втор официјално потврден случај на омикрон во Македонија откако минатата недела беше откриен уште кај едно лице, кое допатува од Велика Британија.

Според надлежните, новозаразениот се тестирал заради патување и во текот на тој скрининг било откриено дека лицето е инфицирано со омикрон.

Според последните информации, тој не знаел од каде ја добил инфекцијата.

Инаку, според информациите од Министерството, за 24 часа во Македонија се направени 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19.

Евротип
SNBROKER
To Top