Новости

Македонија

Во февруари не очекува топло време и пролетни температури

Иако длабоко сме навлезени во зимскиот период и месецот Февруари е зимски месец, сепак оваа година овој месец ќе го одбележат натпросечно високи температури на воздухот но и нестабилно време со почести врнежи.

Почести врнежите ќе бидат особено во западните предели од државава, но врнежи ќе има и во останатите предели од државава. Што се однесува до температурите на воздухот, истите ќе бидат над просекот, повремено ќе бидат и значително над просекот и повисоки од нормалните за околу 10 степени, може и за повеќе. Па така во текот на овој месец очекуваме повремено температурите на воздухот да се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Во најтоплите предели не се исклучува можноста истите да се искачат дури и до околу 20 степени. Со ова растат условите и за будење на природата и тоа поради очекуваните натпросечно високи температури на воздухот кој ќе ги условува продорот на топол воздух од јужните географски широчини кон нашите краишта.

Секако во текот на месец Февруари повремено се очекуваат и продори на студени воздушни маси кој ќе се спуштаат од Арктикот, истите ќе условуваат намалување на температурите и заладување на времето, во ваква ситуација ќе растат условите за нови снежни врнежи.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочна анализа на времето, големи се шансите да има промена во истата. Затоа граѓаните редовно да ги следат нашите краткорочни анализи на времето со цел да бидат најпрецизно информирани.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

GOLD
To Top