Новости

Македонија

Времето денеска натпросечно топло и ветровито

Сончево со мала дo умерена облачност и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе биде силен и ќе надминува 70 км/час. Попладне брзината на ветерот постепено ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Само утре ветерот ќе биде од северозападен правец. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

 

GOLD
To Top